Играчот на Реал Мадрид, Дани Себаљос, сака да се врати во Реал Мадрид откако ќе му заврши позајмицата во Арсенал.
„Јас сум играч на Реал Мадрид. Секој фудбалер на светот би сакал да игра за Реал Мадрид. Јас имам договор со клубот три години и среќен сум. Ова е совршен тим за да успеам. Чувствувам дека сум подготвен за какви било тешкотии што можат да се појават и да реагирам добро“, изјави Себаљос.
Позајмицата на Себаљос во Арсенал ќе трае до 30 јуни. Оваа сезона тој одигра 24 натпревари во сите натпреварувања на клупско ниво, стана автор на 1 гол и 2 асистенции. Арсенал со 40 бода од 28 натпревари се наоѓа на деветтото место на англиската Премиер лига каде лидер е Ливерпул (82).