Јувентус вечерва се враќа на теренот за да ја предизвика Аталанта во финалето на Купот на Италија.
Овој меч и дава можност на Старата дама да го збогати своите витрини со нов трофеј откако досега веќе имаат 14 во рамките на ова натпреварување. Дефанзивецот Данило пред натпреварот против Аталанта вели дека победата во ова финале ќе и даде значење на оваа сезона.
„Веќе се пласиравме за следната ЛШ, но мораме да донесеме и некој трофеј во клупските витрини. Тоа би било награда за сработеното од оваа група момци. Аталанта има добра сезона, има искусен тренер и одлични играчи, но историјата на Јувентус мора да се почитува и ако погледнеме наназад, овој тим го игра секое финале за да го добие. Сè може да се случи во финалето, но ние се чувствуваме силни за успех“, вели Данило.
Финалето во Купот на Италија е на програмата вечерва од 21 часот.