Шпанските даночни власти започнале истрага против крилниот играч на Реал Мадрид, Герет Бејл.
Весникот „Ел Мундо Депортиво“ известува дека Велшанецот е обвинет за прикривање на приходите од имиџ правата и маркетинг во 2013 година. Според истиот извор за ова обвинение, Бејл ќе мора да плати 337.000 евра.
Претходно, вакви обвиненија беа подигнати и кон други играчи и спортисти во Шпанија, вклучувајќи ги мега ѕвездите Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои се соочија со слични проблеми.
