Селекторот на нашата репрезентација во борење, Бобан Данов, во денешното гостување на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ, нагласи, дека нашите борачи се на чекор до освојување на норма за Игрите во Париз.
![](https://sportskoradio903.com.mk/new/wp-content/uploads/2024/03/44p2bg9n-1024x768.jpg)
„Не чекаат два значајни турнира во Азербејџан и Турција на кои ќе се обидеме да дојдеме до олимписка виза. Нашите четворица потенцијални олимпијци неколку денови се подготвуваат во Азербејџан. Таму ги имаме Егоров, Шапиев, Могамедов и Нуров“ – вели Данов.
„Убеден сум дека некој од нив ќе успее да замине на Олимпијадата во Париз. За тоа да се случи, треба да се обезбеди место во финалето на европскиот квалификациски турнир во Азербејџан. Втора шанса за сите нив ќе биде светскиот собир во Турција“ – нагласи Данов во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ, со напомена дека мак -борењето во континуитет е дел од големите спортски настани.