Напаѓачот на Розенборг, Никлас Бендтнер, ризикува да го пропушти претстојното Светско првенство во Русија поради повреда.
30-годишниот напаѓач беше повреден на последниот меч за својот клуб во норвешкото првенство. Според информациите, играчот има повреда на препоните, а рехабилитацијата би можела да потрае и цели 4 недели.
Во групната фаза од Светското првенство во 2018 година, Данскапремиерниот меч го игра против селекцијата на Перу на 16 јуни.