Селекторот на Данска, Каспер Хјулманд пред полуфиналето со Англија на Вембли во среда, посочи дека се случува голема неправда со забраната за доаѓање на навивачите на Данска на овој меч.
„Се надевам дека Борис Џонсон ќе се разбуди и ќе им овозможи на илјадниците дански навивачи кои сакаат да дојдат на натпреварот“, изјави предводникот на „црвениот динамит“.
Данска е на црвената листа на британската влада, што ги принудува граѓаните на оваа земја да поминат 10-дневен карантин во хотел ако пристигнат во земјата. Ова го оневозможува скандинавскиот тим да добие поддршка од своите навивачи на полуфиналето во среда.

