Олимпик Марсеј го обезбеди второто засилување за ова лето, откако го ангажираше Дарио Бенедето од Бока Јуниорс. Францускиот клуб плати 14 милиони евра за услугите на напаѓачот.
Бенедето пристигнува како замена на Марио Балотели, кој минатата сезона постигна 8 голови на 15 натпревари, но замина на крајот од сезоната. Аргентинецот ќе го носи дресот со број 9 што го носеше Италијанецот.
Новиот играч на Олимпик Марсеј постигна 30 голови на 34 натпревари од почетокот на неговата кариера во Бока, но минатата сезона постигна само два гола затоа што поради повреди беше надвор од теренот.
Тој имаше голем придонес за пласман на Бока за финалето во Копа Либертадорес, каде загуби од Ривер Плата. 29-годишниот играч има 5 натпревари за репрезентацијата на Аргентина.