Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е Балкански Вице шампион откако заврши на второто место на трката на 3000 метри.
Ова Балканско првенство за Сениори во сала се одржува во Истанбул, Турција каде учествуваат над 350 атлетичари од 22 земји.
Дарио Ивановски во дисциплината на 3000м со резултат 7:58.48 што е нов национален рекорд на Македонија вреден 1087 бода , а тоа му го донесе 2-рото место и Сребрениот медал , дисциплина во која претходната година на истото првенство го освои златниот медал и се закити со титулата Балкански шампион .