Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски настапи на маратонската трка на СП во атлетика што се одржува во Токио, Јапонија.
Во инзворедно тешки услови за трчање на маратонска трка, Дарио Ивановски успеа да го истрча маратонот во Токио и тоа со време 02.26.31 час, а со тоа да го освои 58-то место.
На стартот на маратон со појавија 90 натпреварувачи, а трката не ја завшија 24 атлетичари дододека на целта пристигнаа 66, а Дарио Ивановски беше на 58-то место.
Нашиот маратонец го даде својот максимум за да ја истрча оваа трка која се одржа во многу тешки услови за маратонско трчање со висока температура на воздухот и голема влажност.

