Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски победи со нов државен рекорд на десеткилометарските трки на пат на денешната трка „ХалкЕко Скопје трча“.
Дарион Ивановски ја заврши трката со време од 29 минути и 34 секунди, подобрувајќи го досегашниот рекорд кој беше 16 секунди побавен. Ова беше уште една потврда за добрата форма на нашиот најдобар атлетичар. На втората позиција во машката трка беше Димитар Илиев со време 32 минути и 27 секунди, додека малку побавен од него беше Муџахед Мислими.
Во женска конкуренција победата ја однесе Греша Бакрачи од Косово. Оваа атлетичарка забележа време од 35 минути и 18 секунди. На втората позиција се пласира Теодора Симовиќ од Србија, додека Фросина Михајловска го комплетира подиумот.
На „ХалкЕко Скопје трката“ учествуваа над 2.000 учесници од 16 земји.

