Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски продолжува со своите одлични резултати и беше најбрз на полумаратонската трка која се одржа во Дубровник.
Дарио Ивановски победи на Дубровник полумаратон 2025 година. Притоа, македонскиот претставник запиша и најдобро време во историјата на патеката на оваа делница. Со ова Ивановски покажува дека е во добра форма на последните неколку трки.
Пред само неколку денови Дарио Ивановски постави национален рекорд на 10 километарската трка на националната арена „Тодор Проески“.
Македонскиот атлетичар продолжува да ја темпира формата за следните предизвици.

