Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски продолжува со своите одлични настапи и успеа да освои златен медал на Балканското првенство.
Поставувајќи национален рекорд со време од 01:04.54 часа, Дарио Ивановски прв мина низ целта на полумаратонската трка. Оваа трка се одржуваше во Тирана, Албанија, а нашиот атлетичар успеа да победи и да го освои златниот медал. 24-годишниот Ивановски има победи од полумаратонските трки во Белград и Скопје во 2017 година, четврто место на Балканското првенство во Истанбул година подоцна, а сега стана државен рекордер.
На минатогодишниот полумаратон во Тирана, Ивановски го зазеде третото место и освои бронзен медал, а оваа година бронзата ја замени со злато.