Дарио Ивановски минатиот викенд со второ најдобро лично време се избори за извонредно второ место на маратонот во Белград, но една недела подоцна, се прикажа во брилијантно светло и во Хрватска.
Дарио денеска беше на стартот на полумаратонската трка во Дубровник, а делницата од 21 километар ја заврши најбрзо од сите.
Ивановски ја истрча полумаратонската делница за 1 час, 6 минити 30 секунди, време кое беше убедливо најдобро и недостижно за конкуренцијата.

