Поранешниот хрватски репрезентативец Дарио Срна е назначен за нов тренер на украинскиот гигант Шахтјор Доњецк, откако Холанѓанецот Патрик ван Левен доби отказ.
Срна, кој е и спортски директор на Шахтјор, даде интересна изјава за тимот.
„Знаете дека не сум Гвардиола. Ќе се обидам да го пренесам она што го научив во фудбалот. Сакам лојалност, слобода и добра атмосфера. Ќе играат само оние кои сакаат, почитуваат и се подготвени да се борат. Ако некој не трча и не подава, ќе го заменам со друг“, изјави Срна.

