Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен, се наврати на годинешново финале во Лигата на фудбалските шампиони во Париз меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.
Мечот започна со задоцнување откако се случија серија инциденти предизвикани од страна на англиските навивачи. Најголемиот дел од нив сакаа без влезници или со фалсификувани да влезат на трибините.
„Организаторите на финалниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу шпанскиот Реал Мадрид и англискиот Ливерпул мораа да имаат подобар пристап кон настанот. Јас сум делумно одговорен за тоа што се случи. Им се извинувам на сите што настрадаа од лошата организација“, рече Дарманен.