Фудбалерот, Матео Дармијан, од Манчестер Јунајтед има реални шанси да го напушти англискиот состав и да се пресели во редовите на италијанската Парма, објавија денеска медиумите во Англија.
29 годишниот дефанзивец се поврзуваше со неколку италијански клубови како Јувентус, Интер и Рома, но, никој не сакаше да плати 10 милиони евра колку што бараше Јунајтед за неговиот трансфер. Сега „Газета дело Спорт“ објави дека луѓето од Парма и претставниците на Дармијан имале конструктивни преговори и дека Дармијан набрзо може да го напушти стадионот –„Олд Трафорд“.
Крајниот термин е втори септември кога официјално ќе заврши преодниот рок. Дармијан во 2015 година го напушти Торино и за 18 милиони евра потпиша за екипата на Манчестер Јунајтед.