Дефанзивецот на Баерн, Давид Алаба би можел да ја продолжи кариерата во Италија, онјави „Тутоспорт“. Според истата информација, австрискиот фудбалер може да се пресели во Јувентус.
Актуелниот договор помеѓу Алаба и Баерн истекува на крајот на тековната сезона. Досега двете страни не беа во можност да се договорат за продолжување на соработката. Ситуацијата може да ја искористи Јувентус, кој е заинтересиран за играчот.
Претходно, спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ призна дека клубот повеќе не планира да преговара со Алаба. Според Салихамиџиќ, сè оди на кај тоа Австриецот да го напушти тимот како слободен агент. Во тековната сезона, Алаба учествуваше на девет натпревари од сите натпреварувања, но не успеа да постигне гол.
