Дефанзивецот на Баерн Минхен, Давид Алаба, сака да се пресели во Барселона, пренесува „Sport.es“.
Според изворот, се одолговлекуваат преговорите на 28-годишниот Австриец за продолжување на договорот со Баварците, бидејќи играчот сака да добие 20 милиони евра годишно.
Алаба ја смета Барселона за клуб способен да одговори на неговите барања. Каталонците се подготвени да потпишат со играчот, но една година подоцна, кога му истекува договорот со Баерн Минхен.
Во сезоната 2019/20, Алаба одигра 38 натпревари за Баварците, во кои постигна 2 гола и направи 2 асистенции. Во моментов неговата вредност се проценува на 65 милиони евра.

