Голманот на Манчестер Јунајтед и шпанската репрезентација, Давид Де Геа, планира да го купи фудбалскиот клуб Елче.
Проценетата сума на трансакцијата е околу 18 милиони евра, пренесуваат медиумите во Шпанија. Објавено е дека продажбата на клубот ќе биде извршена во наредните месеци.
Клубот Елче е основан во 1923 година. Во моментов игра во втората дивизија на Шпанија. Последен пат тимот играше во Примера во сезоната 2014/15, но беше казнет и избркан од ова натпреварување поради мултимилионски долгови.
Најголемото достигнување на Елче во шампионатот на Шпанија беше 5-то место во сезоната 1963/64. Покрај тоа, шпанскиот тим е партнер на англискиот клуб Болтон Вандерерс. 28-годишниот Де Геа потекнува од Атлетико Мадрид, а игра во Манчестер Јунајтед од 2011 година.