Дефанзивецот на Арсенал, Давид Луис започна со тренинзи во останатиот дел од екипата. Тој целосно се опорави од повредата на тетивата, што ја заработи на натпреварот од шестото коло во англиската Премиер лига против Лестер (0:1).
Играчот ќе може да учествува на средбата од осмото коло во Премиерлигата со Астон Вила, што е на програмата на 8 ноември, објави прес-службата на Арсенал. Не е објавено дали играчот ќе биде во комбинација за вечерашниот натпревар со Молде во Лигата на Европа, но е тешко да се поверува во тоа.
Луис се пресели во Арсенал во 2019 година, клубот му плати на Челзи 8,7 милиони евра. Во сезоната 2020/2021, бразилскиот дефанзивец одигра осум натпревари и постигна еден гол.

