Напаѓачот на Ајакс, Давид Нерес има намера да го напушти холандскиот клуб. Главните претенденти за 24-годишниот Бразилец се Севиља и Атлетико Мадрид, тврди весникот „АС“.
Договорот на играчот со клубот од Амстердам е до летото 2023 година. Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на крилниот играч на 27 милиони евра. Оваа сезона Давид Нерес учествуваше на 7 натпревари на кои постигна 2 гола и 1 асистенција.
Тренерот Тен Хаг изјави дека се уште се потпира на Нерес, кој има одиграно седум натпревари за репрезентацијата на Бразил.