34-годишниот шпански играч од средниот ред на Манчестер Сити, Давид Силва, се збогуваше од клубот, договорот кој истекува по завршувањето на сезона во англискиот шампионат нема да биде продолжен.
„Ќе ми недостасува овој тим“, напиша на Твитер, Давид Силва.
Давид Силва стана играч на Манчестер Сити во јули 2010 година, се пресели од Валенсија за 28,75 милиони евра.Овој играч одигра 430 натпревари за англискиот клуб, во кој постигна 76 голови и 139 асистенции.
Како дел од „граѓаните“, тој стана 4 кратен шампион во Премиер Лигата, двократен победник на ФА Купот, 5-кратен победник во Лига Купот и 2-пати победник во англискиот Супер Куп. Претходно беше објавено дека интерес за играчот има од Бетис, Интер-Мајами и Милан.