Катарскиот клуб Ал-Духаил е заинтересиран за Давид Силва, објавија британските медиуми. Шпанскиот играч од средниот ред на Манчестер Сити размислува за можноста да ја напушти Англија, откако одигра 10 сезони во екипата на Манчестер Сити.
34-годишниот Силва е светски и двократен европски шампион со шпанската репрезентација. Ал-Духаил, лидерот на првенството во Катар во своите редови ги има sвездите Марио Манџукиќ и Меди Бенатија. Давид Силва се пресели од Валенсија во Манчестер Сити за 26 милиони фунти во 2010 година, а потоа освои вкупно четири титули во Премиер лигата и два ФА Купа со „граѓаните“.
Клубови од САД и Шпанија се заинтересирани исто така за играчот од средниот ред.

