Виктор Давидовски ја заокружи најуспешната сезоната во кариерата со пласман на второ место во последниот настан од највисокото по ранг натпреварување во туринг трките, Гран при викендот во Џеда, Саудиска Арабија.
„Направив грешка на стартот, едноставно притисокот беше преголем. За сите возачи беше нова патека и ново искуство со две трки во еден ден. Сите бевме принудени да тактизираме во првата, а потоа да дадеме сѐ од себе во втората, која воедно беше финале на сезоната„ – вели Давидовски кој сезонава настапуваше по петти пат во ТЦР Европа и успеа да стигне до првата победа на патеката – „Пол Рикар“.
„ Денеска продолжуваме со активностите, ќе тестираме дел од надградбите кои се планирани за 2023 година. За прв пат ќе имам можност да ги испробам автомобилите со најновата спецификација и да дознаам повеќе за плановите на тимот во текот на следната сезона. Ова е прекрасен тим, големи професионалци и навистина има убава атмосфера за работа“ – вели Давидовски.