Македонскиот возач, Виктор Давидовски, со неговата екипа – „Cometoyou Racing“, стана екипен шампион во серијата на ТЦР Европа со вкупно 648 поени. Покрај нашиот возач во тимот се вклучени и Џиролами, Паулсен, Бутл и Коронел.
Македонецот во белгискиот тим ја имаше најуспешната сезона во кариерата. Заврши на 12 место од 33 возачи колку што се појавија сезонава на стартот на „TCR Europe“. Тој е првиот Македонец што триумфирал во таа конкуренција откако победи на трката во Франција во почеток на сезoната.
Ќе потенцираме дека Давидовски одличната сезона ја круниса и со „Дајмонд“ трофејот кој му се доделува на најдобропласираниот возач кој нема статус на професионалец.