Македонскиот автомобилист, Виктор Давидовски, го освои 15. место на денешната втора трка што се возеше на патеката Асен во Холандија во рамките од ТЦР шампионатот.
Давидовски иако стартуваше од последниот ред успеа да помине неколку возачи и да го обезбеди 15-то место. Што се однесува пак, до Игор Стефановски – Иџе, тој не успеа да ја заврши трката откако во првиот круг се соочи со проблеми во возилото.
ТЦР шампионатот ќе продолжи на 23 септември на патеката Монца во Италија.