Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Давидовски со два пласмани и бодови до петто место на табелата во ТЦР Европа
    Домашен микс

    Давидовски со два пласмани и бодови до петто место на табелата во ТЦР Европа

    risteBy riste16/05/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вториот гран при викенд од европското ТЦР првенство се одржа на улиците во По, Франција, локација каде што постои едновековна традиција во организација на трки.

    Македонскиот возач Виктор Давидовски имаше импресивен настап, при што во првата трка стигна до четвртото место (откако стартуваше седми), но за волја на вистината почетокот на гран при викендот беше одбележан од дождливото време кое им ја отежнуваше работата на возачите и инженерите за подготовка на автомобилите за соодветните временски услови.

    „Променливите временски услови овозможија да има изненадувања, бидејќи инженерите во дадени моменти мораа да работат на штелувањето на возилата врз основа на метеоролошките прогнози, па имаше возачи кои ризикуваа да одат со „сет-ап“ за суво или влажно. И покрај тоа, мислам дека имавме добро подготвен автомобил, но морав да ги следам и инструкциите од тимот и да не преземам голем ризик. Конкретно, во првата трка иако бев петти, добив инструкција од тимот дека еден од возачите пред мене ќе добие казна поради предвремен старт, па дека не е пожелно да напаѓам за да престигнам во такви околности. Стратегијата беше да ја чекаме својата шанса во втората трка, кога распоредот на стартот беше во наша корист“ рече Давидовски.

    Том Коронел останува лидер во генералниот пласман со 141 бод, пред Џон Филипи со 128. Давидовски со овие два пласмани се искачи на петтото место со 83 бода, бидејќи на претходната трка во Португалија беше елиминирал од Фелипе Фернандез кој го истурка од патеката додека беше третопласиран.

    Третиот гран при викенд се вози на легендарната патека Спа Франкоршамп во Белгија, сместена во Арденскит шуми, што е уште една локација која е позната по ноторно променливото време.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Младост 96 е нов шампион на Македонија во пинг-понг

    05/06/2023

    Георгиевски поразен во меч од 2. коло на СП во Баку

    04/06/2023

    „Спартанците“ ја добија жестоката битка со Хрватите

    03/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Осимен не размислува за трансфер
    • Голгетерот сака да оди на „Сантијаго Бернабе“
    • Касемиро се осврна на деби сезоната во Англија
    • Марко: Хорнер сакаше да оди во Скудерија
    • Баварците нема да се разделат со Дејвис
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.