Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Давидовски тестираше на Монца пред стартот на ТЦР шампионатот
    Домашен микс

    Давидовски тестираше на Монца пред стартот на ТЦР шампионатот

    sasoBy saso18/04/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    На патеката Монца крај Милано викендов се одржа заедничкиот тест на сите возачи кои се пријавени за настап во 2022 година на европското првенство за возила со ТЦР хомологација.

    Македонскиот возач Виктор Давидовски се реши на голем чекор и ја прифати поканата од тимот „Comtoyou“, каде што се префрла заедно со својот досегашен тимски колега од „ПСС Рејсинг“, Аргентинецот Франко Џиролами.

    „Тимот е нов, но целите што ги имаме се добро познати. Сакаме да бидеме меѓу првите десет на квалификациите и на секоја трка да се бориме за пласман на подиумот. Автомобилот е нов, а нови се и инженерите со кои ќе соработуваме. На овој тест се обидовме да се запознаеме подобро и да воспоставиме комуникација која ќе не движи напред, бидејќи во овој момент тие ни даваа информации за новото возило, но следува нашиот дел каде што ние треба повратно да им дадеме информации за тоа какви штелувања сакаме. Првата трка во Алгарве, Португалија е за неполни две седмици и посакувам да успееме да ги постигнеме високите очекувања на овој тим што лани беше вице-шампион, а во 2020 година ја освои титулата“, вели Давидовски.

    Во календарот за 2022 година се предвидени седум гран при викенди, а во секој од нив по две трки. Сезоната започнува на 30 април во Потугалија, на патеката Алгарве.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Сеишин од Прилеп е најуспешен клуб во џудо во кадетска конкуренција

    17/04/2022

    „Штрковите“ сакаат со победа да ја завршат сезоната

    17/04/2022

    Победи на Владимир Тренески и Давид Малинковски на првите две трки од TwingoCup

    11/04/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    Маркетинг

     

    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Давидовски тестираше на Монца пред стартот на ТЦР шампионатот
    • РФМ со премија од 50.000 евра за ракометарите
    • Илејн Томпсон со најдобро време на 100 метри сезонава
    • Лазаров: Мислам дека ќе бидам со тренерка и на следното СП
    • Навивачите на Челзи бараат Лукаку да биде продаден
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.