Јорданчо Давитков по 15 години интернационална кариера реши се врати на кормилото на кошаркарскиот состав Струмица.
Поранешниот наш селектор во изминатиот период работеше во Обединетите Арапски Емирати, во Кувајт и на Исланд.
Неговиот нов клуб во сезонава игра очајно и се наоѓа на дното на табелата со само два триумфа. Првиот меч на Давитков како тренер на Струмица треба да биде на 5. февруари на теренот на Феникс.