Младиот фудбалер на Ајакс, Дони Ван Де Бек, потврди дека неговиот тим води преговори со Реал Мадрид и дека набрзо може да замине во Шпанија во редовите на „кралевите“. Тоа значи дека „копјаниците“ по Матијас Де Лихт и Френки Де Јонгс би можел да продадат уште еден од клучните играчи во минатата сезона.
„Реал Мадрид е во контакт со Ајакс, но, сега не можам да кажам ништо повеќе. Мојот агент разговараше со нив“ – изјави Ван Де Бек.
Според одредени шпекулации, Реал Мадрид е пдоогтвен да плати за напаѓачот околу 60 милиони евра.