Белгија е на чекор од пласман во финалето на Светското првенство, а за таа цел во вторник вечер треба да се соочи со тимот на Франција. Еден од најважните играчи во селекцијата на Белгија е Кевин де Бруин, кој не смета дека успехот е случајен.
„Пред една година реков дека имавме сила да ја освоиме титулата. И тоа не беше сватено сериозно“, изјави играчот од средниот ред на Манчестер Сити.
„Нашиот тим е многу добар и мораме да ја покажеме нашата амбиција, бидејќи во спротивно не можеме да триумфираме. На турнирот постигнавме голем напредок, но сакаме да одиме понатаму. Јас лично ќе дадам се од себе за да ги поразам Французите”, додаде Де Бруин.
„Играме седум или осум години, а сега Роберто Мартинез направи уште повеќе да се здружиме. Претходно, имаше играчи кои не веруваа дека би можеле да победиме на големо натпреварување. Сега е поинаку. Пеп Гвардиола ме научи подобро да ја покажувам својата индивидуалност, но стилот на Белгија е поинаков”, рече Де Бруин.