Големата ѕвезда на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, доби УЕФА А тренерска лиценца од Белгиската фудбалска федерација.
Тој две години работеше за да ја оствари целта со тоа што последните 12 месеци за да ги исполни условите беше поврзан со јуниорите на Манчестер Сити.
Тоа значи дека најдобриот играч во Премиер – лигата во штотуку завршената сезона, јасно стави до знаење дека по завршувањето на кариерата планира да влезе во тренерските води.

