Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, го пофали младиот 23-годишен крилен напаѓач, Фил Фоден.
„Тој е еден од најголемите таленти со кои сум играл. Тој би можел да влезе во фудбалската историја во наредните 15 години“ – изјавил Белгиецот.
Фоден има 45 натпревари во сите конкуренции со ефект од 22 гола и 10 асистенции.

