Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бруин ќе разговара за новиот договор со Манчестер Сити, пренесува „Дејли меил“.
Претходно, фудбалерот изјави дека поради санкциите на УЕФА, тој може да го напушти Манчестер Сити. Освен тоа, раководството на „граѓаните“ сакаа да го задржат фудбалерот. Сега неговата плата во клубот е 320 000 евра неделно, но Манчестер Сити е подготвен да му плати повеќе.
Оваа сезона во шампионатот на Англија, Де Бруин учествуваше на 26 натпревари за својата екипа, на кои постигна 8 голови и направи 16 асистенции. Договорот на Белгиецот со Манчестер Сити е со важност до 2023 година.
Во моментов, фудбалската сезона во Премиер лигата е суспендирана поради пандемијата на коронавирусот. Да потсетиме дека УЕФА го суспендираше Манчестер Сити на две години без право за настап во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа заради финансиска измама.