Белгискиот играч за врска на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин има намера да го продолжи договорот со „граѓаните“.
Според „Си-Би-Ес Спорт“, Белгиецот бил воодушевен од веста дека менаџерот Пеп Гвардиола го продолжил договорот со Манчестер Сити, а веднаш потоа Де Бруин влегол во преговори со Манчестер Сити за продолжување на договорот.
Комуникацијата меѓу страните продолжува, а Де Бруин самостојно учествува во преговорите. Двете страни се очекува да договорат нов договор во наредните месеци. Според изворот, новиот договор ќе важи до 30 јуни 2025 година. Претходниот договор истекува на 30 јуни 2023 година.
29-годишниот Белгиец постигна еден гол и пет асистенции на осум натпревари во Премиер лигата оваа сезона.

