Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, потврди дека нема намера да го напушти англискиот состав иако во еден период во текот на летото се појавија шпекулации дека може да замине во друг состав.
Дел од медиумите во континуитет пишуваа дека одличниот играч од средниот ред може да го облече дресот на францускиот шампион ПСЖ или на шпанскиот Реал Мадрид. Сепак, Де Бруин тоа го негира и јасно става до знаење дека сака да потпише нов договор со „граѓаните“.
„Не сме разговарале официјално за нов договор. Јас сум среќен тука, знам дека сакам да останан и тоа е најзначајно“ – потенцираше интернационалецот од Белгија.

