Белгиската ѕвезда во екипата на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, зборуваше за неговата состојба пред реваншот од ½-финалето на Лигата на шампионите со Реал Мадрид.
„Јас се чувствувам добро. Добив многу удари против Атлетико, но сега се е во ред. Многу ми е драго што сум во форма и поминувам многу натпревари на терен“, изјави Де Брујн.
Тој вечерва ќе биде еден од главните адути на „граѓаните“ кон второ последователно финале во Лигата на шампионите.