Играчот за врска на Манчестер Сити, Кевин де Бруин ќе го продолжи договорот со клубот, објавија медиумите во Англија.
Актуелниот договор на играчот истекува во 2023 година, но 29-годишниот фудбалер е уверен дека ќе може да се договори за нов до крајот на јуни 2025 година. Де Бруин се приклучи на редовите на „граѓаните“ во 2015 година за сума од 55 милиони фунти од германскиот Волфсбург.
Со новиот договор, платата на играчот од средниот ред ќе се зголеми и тој ќе биде најдобро платениот играч во тимот заедно со напаѓачот Рахим Стирлинг. Со Манчестер Сити, Де Бруин освои две титули во Англија, а минатата сезона беше прогласен за „играч на сезоната“ во Премиер лигата откако постигна 13 гола и направи рекордни 20 асистенции.

