Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Де Бруин се израмни со Жерард според бројот на асистенции во Премиер лигата
    Фудбал

    Де Бруин се израмни со Жерард според бројот на асистенции во Премиер лигата

    risteBy riste18/09/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити Кевин Де Бруин се израмни со ексфудбалерот на Ливерпул и легенда на оваа екипа  Стивен Жерард по бројот на асистенции во натпреварите од шампионатот на Англија.

    Белгиецот вчера, на натпреварот од 8. коло од Премиер лигата со Вулверхемптон (3:0) успеа да дојде до ова достигнување.

    31-годишниот играч од средниот ред им асистираше на соиграчите во два од трите гола. Де Бруин во кариерата има 92 асистенции во англиската Премиер лига, објави „Дејли Мејл“. Белгискиот репрезентативец по овој показател се израмни со легендата на Ливерпул, Стивен Жерард. За одбележување е тоа што на Кевин му беа потребни 287 натпревари за да го направи сето ова, а на поранешниот фудбалер на „црвените“  – 504 натпревари.

    Лидер по бројот на асистенции во историјата на првенствата на Англија е поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс. Во кариерата има 162 асистенции во Премиер лигата.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Миовски и донесе победа на Македонија против Фарски Острови

    27/03/2023

    И Бразилската федерација потврди дека работат на ангажман на Анчелоти

    27/03/2023

    Денеска тест против Фарските острови

    27/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Миовски и донесе победа на Македонија против Фарски Острови
    • И Бразилската федерација потврди дека работат на ангажман на Анчелоти
    • Денеска тест против Фарските острови
    • Барселона со нов договор за Балде
    • Маркез скрши прст, нема да вози на ГН на Аргентина
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.