Интернационалецот од Белгија во редовите на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, се опоравува побрзо од прогнозите и набрзо може да се врати на фудбалските терени, објавија дел од медиумите во Англија.
Тој пред околу триесетина денона го повреди коленото а лекарските прогнози велеа дека ќе мора да одмора најмалку три месеци. Сепак, на радост на тренерот , Пеп Гвардиола и навивачите на „сити“, фудбалерот ќе се врати многу порано. Познатиот шпански физиотерапевт, Рамон Кугат, успеа да се погрижи за повредата на Де Бруин и да ја санира во најбрз можен рок.
„Мислам дека за враќање на теренот ќе ми бидат потребни четири-пет недели. Се надевам дека ќе им помогнам на соиграчите“ – рече Белгиецот.