Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, кој пред шест недели заработи тешката повреда на коленото, од денеска се вклучи во тренинг процес.
Иако првичните очекувања беа дека 27-годишниот Белгиец ќе отсуствува од терените најмалку три месеци, сега ситуацијата е сосема друга. Од штабот на „граѓаните“ се уште не се изјасниле дали фудбалерот ќе може да игра во некој од претстојните натпревари – утре со Хофенхајм во Лигата на шампионите или на гостувањето кај Ливерпул в недела.
Брзоногиот фудбалер кој минатата сезона забележа 12 гола и 21 асистенции, сега има само еден официјален натпревар од почетокот на сезоната и тоа откако влезе како резерва против Арсенал во првиот круг на Премиер лигата.