Плејмејкерот на белгиската репрезентација, Кевин Де Бруин, ќе му биде на располагање на селекторот, Роберто Мартинез, за денешниот меч со Данска на Европското фудбалско првенство.
„Тој е здрав и доби зелено светло за настап. Сега се поставува прашањето колку долго може да игра. Задоволен сум од неговиот напредок и гледам дека со секој изминат ден се чувствува подобро“ – изјави белгискиот селектор.
„Аксел Витсел е во иста ситуација како Де Бруин а со Еден Азар ситуацијата е малку поразлична. Тој играше на контролата против Хрватска и на мечот со Русија. Ние сакаме секој наш играч да биде подготвен за 90 минути и тоа ќе биде нашата цел“ – вели Мартинез.