Играчот за врска на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, продолжи со тренинзите. Белгиецот ги пропушти последните два натпревари на „граѓаните“ против Челзи и Њукасл поради повреда на мускулот, но веќе се опорави и се очекува да биде во составот на својата екипа за финалето во Лигата на шампионите против Челзи на 29 мај.
„Де Бруин тренираше последните два дена, тој се чувствува добро. Кевин е важен како и другите играчи. Ќе видиме во каква состојба е и дали ќе може да игра”, изјави менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола пред утрешниот натпревар против Брајтон.
Тренерот е задоволен од враќањето на навивачите, иако во ограничен број, што ќе му овозможи на Манчестер Сити да го крене шампионскиот трофеј пред своите навивачи на „Етихад“ по последниот натпревар против Евертон.
„Ова е добра вест. По нашиот последен натпревар ќе го подигнеме трофејот на „Етихад” пред нашите навивачи. Ќе има публика во финалето на Лигата на шампионите, што е исто така добро”, рече Гвардиола.

