Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Бруине ќе биде опериран во својата татковина во наредните денови, по што се очекува да паузира околу 4 месеци или речиси до Нова година.
Играчот од средниот ред заработи повреда на тетивата на средината на првото полувреме против Барнли минатиот петок и се чинеше дека проблемот е ист како оној од финалето на Лигата на шампионите.
„Граѓаните“ оценија дека оперативната интервенција е императив и во овој случај ќе биде извршена во Антверпен, по што Де Бруине ќе започне со закрепнување.