Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Брујнe ќе ги напушти „граѓаните“ на крајот од сезоната кога ќе му истече договорот, а клубот одлучи да не му понуди нов договор. Самиот Белгиец не ја исклучи можноста кариерата да ја продолжи во друга премиерлигашка екипа.
“Не знам дали клубовите од Премиер лигата се опција за мене, навистина. Не помина толку долго откако беше донесена одлуката за заминување. Морам да разговарам со нив и потоа да видам кој тим ме сака. Така што не знам, немам идеја”, изјави Де Брујне.
Играчот од средниот ред беше измачуван од повреди оваа сезона, забележа 22 настапи во Премиер лигата оваа сезона.

