Селекторот на Холандија, Франк де Бур на денешниот меч со Македонија ќе излезе со скоро комплетниот стартен тим, без разлика што „лалињата“ обезбедија пласман во следната фаза.
Според холандските медиуми, Де Бур најавил само две промени во стартните 11 за дуелот со Македонија.
„Ќе има само две промени, но кои ќе бидат, ќе видите утре“, им рекол Де Бур н ахоландските новинари.
Се очекува на клупата да остане Мартен де Рон, фудбалерот на Аталанта, кој веќе доби жолт картон, а на негово место најверојатно ќе заигра Рајан Гравенберх.

