Голманот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа по вчерашниот меч без голови на теренот на Вест Хем одигран во рамките на Премиер лигата, сосема заслужено ја доби наградата – „Златна ракавица“.
Шпанскиот чувар на мрежата со освојување на наградата само ги потврди изјавите на многумина дека во овој момент е најдобар голман во најсилната фудбалска конкуренција на Англија.
Тој на дуелот со „чеканите“ по 18 пат во сезонава ја сочува мрежата недопрена што автоматски значеше дека ќе ја освои наградата која по 9 години (Едвин Ван Дер Сар – 2009) повторно завршува во рацете на голман на „црвените ѓаволи“.