Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа реагираше на резултатите од ждрепката во Лига Европа. Во 1/16 финалето од ова натпреварување „црвените ѓаволи“ ќе се сретнат со Барселона.
„Знаеме дека Барселона е одличен тим, игра многу добро. Секако, ова е еден од оние тимови против кои не би сакале да играме во оваа фаза, но ако сакате да ја освоите Лигата на Европа, треба да играте против најдобрите тимови, а Барселона е еден од нив. Ќе играме за навивачите и ќе дадеме се од себе да ги добиеме двата натпревари. Ова е добар тест за нас. Имаме уште многу време до натпреварите со Шпанците, сега треба да се фокусираме на останатите натпревари“, изјави голманот Де Геа за официјалната страна на Манчестер Јунајтед.