Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа го кажа своето мислење дека навивачите на „црвените ѓаволи“ ќе уживаат во стилот на игра на тимот под водство на новиот тренер Ерик тен Хаг .
„Мислам дека сите се среќни поради пристапот во новата сезона и новиот тренер. Тен Хег игра добар фудбал, па навивачите сигурно ќе уживаат во стилот на игра “, изјави Де Геа за „Дејли Меил“.
Да потсетиме дека Ерик Тен Хег стана главен тренер на Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната 2021/2022. Претходно холандскиот стручњак работеше во Твенте, ПСВ, вториот тим на Баерн, Утрехт и Ајакс.
