„Манчестер Ивнинг Њус“ ја откри причината зошто голманот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Давид де Геа, не сака да потпише нов договор.
Според наведеното, Шпанецот бара половина милион фунти неделно а клубот му нуди 350.000 илјади. Згора на тоа искусниот голман сака да види дали неговиот тим ќе обезбеди место во ЛШ па дури потоа да размисли дали ќе ја продолжи соработката.
Јунајтед е засега во трката за Топ 4 во Премиер лигата а набрзо ќе го очекува и двомечот со Барселона во 1 /4 финалето во Лигата на шампионите.